Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по одличните настапи во 2016 година, во оваа година првата титула ја освои денеска откако со Американката Бернарда Пера во финалето на фјучрсот во Италија (награден фонд 25.000 долари) беа поуспешни од третите носителки Прарана Томбаре од Индија и Ева Вакано од Холандија.
Ѓорческа и Пера двата сета ги добија со 6:2 и 6:3 во гемови. Мечот траеше 70 минути.
Успехот за Ѓорческа е многу важен бидејќи неколку недели таа поради повреда не можеше да настапува на турнирите.