Возачот на Сузуки, Маверик Вињалес победи на денешната трка во Мото ГП што се возеше на патека во Силверстоун. Ова за него е прва победа во кариерата во „кралската класа“, додека за Сузуки е прва победа по 2007 година и воедно тој е седми возач што победува на последните седум трки во оваа класа.
Шпанецот Вињалес водеше во текот на целата трка, а второто место му припадна на Британецот Кал Крачлоу, додека како трет заврши Италијанецот Валентино Роси.
Денешната трка за британското Гран при ја одбележа и сударот на стартот меѓу Пол Еспаргаро и Лориз Баз. Трката беше во прекина, а двајцата минаа без повреди.
Во генералниот пласман води Марк Маркез 210 бодови, пред Роси со 160.
Следната трка ќе се вози на 11.септември на патеката „Марко Симончели“.