Прва национална конференција за жени во спорт

Од:

Прва национална конференција за жени во спорт ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружението за унапредување на меѓусебната доверба – ТАКТ, а поддржана од страна на UN Women, Амбасадата на САД и Факултетот за физичко образование, здравје и спорт.

На конференцијата ќе се дебатира за предизвиците со кои се соочуваат македонските спортистки, за зајакнување на жените преку спортот и за стратегии за постигнување родова еднаквост во спортот и зголемување на бројот на жените на раководни функции во спортските институции.

Специјална гостинка на конференцијата е директорката на Центарот за спорт, мир и општество во САД, Сара Хилер, која ќе се обрати пред присутните.

Најавени се говори и на Силвија Митевска, претседателка на ТАКТ, Лора Браун од американска амбасада во Скопје, Доминика Стојановска, раководителка на канцеларијата на UN Women во Скопје, Ленче Алексовска-Величковска, деканка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Моника Гавриловска, генерална секретарка на македонската кошаркарска федерација, Марија Митевска, маратонка и претседателка на невладина организација за социјално претприемништво, Андријана Зафировска Мисовски, професорка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Едина Муса, репрезентативка во кошарка и Андријана Будимир, тренер во ракомет.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“