Прв пораз на европскиот првак Кјелце по 10 натпревари во Лигата на шампиони

Од:

Актуелниот европски првак Кјелце го претрпе првиот пораз во ракометната Лига на шампиони.

Во натпреварот од 5.коло, полскиот тим пред својата публика загуби од Рајн Некар со 26-34, со што воедно беше и прекината серијата од десет натпревари во низа без пораз елитното натпреварување.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков со 4 голови беше еден од најзаслужните за триумфот на гермаснкиот тим.

Резултати и табели од 5 коло.
Група А: Флензбург – Висла 22-20, Кил – Кадетен 32-29, Барселона – Веспрем 26-23 и Бјерингбро – ПСЖ 30-36.
Табела: Барселона 10 бодови, ПСЖ 8, Кил 6, Веспрем 6, Флензбург 5, Силкеборг 4, Висла 1, Кадетен Шафхаузен 0.

Група Б: Кристијанштад – Целје 29-29, Загреб – Вардар 28-27, ПИК Сегед – Мешков 24-22 и Кјелце – Рајн Некар 26-34
Табела: Киелце 8 бодови, Вардар 8, Рајн Некар Ловен 7, ПИК Сегед 5, Мешков Брест 4, Кристијанштад 3, Цеље 3, ППД Загреб 2.

Група Ц: Татран – Чеховски Медведи 30-28, Елверум – Ла Риоха 27-32 и Монпелје – Металург 28-18.
Табела: Ла Риоха 7, Монпеље 6, Елверум 5, Чеховски Медведи 4, Татран Прешов 4 и Металург 4.

Група Д: Бешикташ – Холстебро 36-27, Динамо Букурешт – Нант 26-27 и Мотор Запорошје – Брага 27-23.
Табела: Нант 9, Бешикташ 7, Мотор 5, Динамо Букурешт 4, Брага 4 и Холстебро 1.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска