Протести против одржувањето на Мундијалот во Бразил

Од:

Над 1.000 демонстранти од кои повеќе од половината беа членови на домородските племиња во Амазонија, се судрија со полицијата во главниот град Бразилија, протестирајќи против организацијата на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Демонстрантите се обиделе да влезат на стадионот Мане Гаринча каде е изложен пехар наменет за победникот наменет за победникот на Мундијалот.

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер пристигна во Бразил, и беше дочекан со свирежи. Блатер и целата ФИФА се посебно на удар на Бразилците.

– За кого е Светското првенство, не е за нас, дајте ни пари за здравство и образование, беа главните слогани на овие демонстрации во кои членовите на индијанските племиња со лак и стрели ги напаѓале полицајците.

Нов бран на протести повторно се случи низ улиците на престолнината Бразилија, но овојпат на улица излегоа и – домородците!

На тој начин староседелците им се приклучат на милионите сограѓани, кои не го сакаат Мундијалот. Дека Бразилците не го сакаат Мундијалот кој за две недели треба да започне, уште пред една година со штрајкови најавија: државни службеници, вработени во здравството, возачи на автобуси, таксисти, професори, па дури и полицајци.

Сите сметаат дека Бразил има доволно пари за солидни плати и квалитетна социјална програма, но според нив тие се трошат во несоодветни цели како СП во фудбал или пак се крадат од корумпираните политичари.

Би можело да ве интересира

Монтоливо ја скрши ногата, го пропушта СП

Емир Латифовиќ

Ковач ги објави фудбалерите за Бразил

Емир Латифовиќ

Роналдо го пропушта СП во Бразил?

Емир Латифовиќ

ФИФА ќе ја следи групата Д поради страв од местење

Емир Латифовиќ

Ѓоковиќ: Навивам за Босна и Хрватска на Мундијалот

Емир Латифовиќ

Идеалните 11 кои нема да играат на Мундијалот

Емир Латифовиќ