Реал Мадрид во новата сезона 2025/2026 година го потврдува статусот на клуб со највисоки плати во европскиот фудбал.
Според податоците на специјализираните страници Betideas и Capology, просечната годишна плата на играчите на Кралскиот клуб е 11,2 милиони евра. Оваа бројка е дури 60 проценти повисока од сумата што ја издвојуваат повеќето други европски гиганти.
Интересно е што ова е сепак мал пад во споредба со минатата сезона, кога просекот беше малку повеќе од 12 милиони евра.
Далеку зад Мадрид е нивниот најголем ривал, Барселона, чии играчи заработуваат просечно 7,91 милиони евра годишно. Каталонците исто така забележаа пад, со оглед на тоа што минатата сезона просекот беше 8,5 милиони евра.
Третото место на рангирањето го зазема Манчестер Сити со просечна плата од 7,43 милиони евра. Сепак, за разлика од шпанските гиганти, англискиот клуб ја зголеми својата сметка за плати за повеќе од еден милион евра во споредба со претходната сезона.
По водечкото трио следува Баерн Минхен со 7,38 милиони евра, потоа Пари Сен Жермен и Арсенал, кои издвојуваат околу 7 милиони евра за просечна плата.
Листата на најдарежливи клубови продолжува со англиската квартет: Ливерпул и Манчестер Јунајтед со околу 6 милиони евра, и Челзи и Тотенхем, чии играчи заработуваат околу 4,5 милиони евра во просек.
Вреди да се напомене дека меѓу десетте најбогати клубови во однос на платите нема италијански претставник.
Клубови со највисоки просечни бруто плати во светот:
1. Реал Мадрид – 11,2 милиони евра
2. Барселона – 7,9 милиони евра
3. Манчестер Сити – 7,43 милиони евра
4. Баерн Минхен – 7,38 милиони евра
5. ПСЖ и Арсенал – 7 милиони евра
6. Ливерпул и Манчестер Јунајтед – 6 милиони евра
7. Челзи и Тотенхем – 4,5 милиони евра