Прогласени добитниците на спортските награди 13 Ноември

Од:

Сојузот на спортови на Скопје денеска ги прогласи добитниците на 13-то Ноемвриската награда која се доделува по повод одбележувањето на денот на ослободувањето на главниот град.

Управниот одбор на Сојузот на спортови на Скопје наградата 13 Ноември ја додели во неколку категории.

Во категоријата „Тренери за работа со млади спортисти“ наградени се:
1.Мирко Ристевски – Мице (бокс)
2.Ангел Наумовски (гимнастика).

Категорија „Спонзор и јубилеј“
1.Пелистерка (спонзор на програмите на Сојузот на спортови на Скопје)
2.Сојуз на спортови на Скопје (Јубилеј 70 години постоење).

Категорија „Професори“:
1.Раде Илиевски (ОУ „Рајко Жинзифов“)
2.Горки Кондовски (спортска гимназија „М.Митевски-Брицо“).

Категорија „Спортисти“:
1.Мартин Несторовски (карате)
2.Дејан Недев (традиционално карате)
3.Ненад Манојловски (кик бокс).

Категорија „Тренери“:
1.Мирче Јанушевски (карате клуб Металург)
2.Раул Гонзалес (ракометен клуб Вардар).

Категорија „Екипа“:
1.Ракометен клуб Вардар – мажи.

Категорија „Спортски работници“:
1.Димче Јанковски (карате)
2.Павле Павлов (гимнастика)
3.Дејан Митровски – Урко (кик бокс).

Категорија „Спортски работник за животно дело“:
1.Вортик Стефан Кналијан (планинарство)
2.Трифун Трифуновски (одбојка)
3.Војо Настевски (бокс).

Категорија „Спортски работник општественик“:
1.Васил Тупурковски.

Наградите се плакета изработена на дрво со постамент гравура и печатено признание.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ