Чешката тенисерка Рената Ворачова која од тенискиот терен беше однесена во хотелот за бегалци во Мелбурн, вели дека австралиските власти се премислиле откако и дале дозвола да игра, поради аферата со Новак Ѓоковиќ.
Таа иако се откажува од турнирот, посака Новак Ѓоковиќ да се бори на суд за да игра бидејќи спортистите дошле да играат тенис, а не да ги решаваат внатрешните австралиски спорови.
“Од една страна, ова ми се случи и поради Новак. И мислам дека не сум единствената. Изземања од здравствени причини беа дадени на повеќе тенисери. Но, во исто време би сакала да го пуштат да игра. Ние сме спортисти, дојдовме за тенис, а не да се занимаваме со спорови во кулоарите. „Ги прочитавме правилата, ги исполнивме условите, добивме ослободување по долга процедура. Не гледам причина зошто има потреба да седиме затворени во хотелот“, рече Ворачова во телефонскиот разговор за чешки весник.
Ворачова беше претходно пуштена дури и играше на тенискиот терен, но откако на Ѓоковиќ му забранија влез, а се дозна дека таа и други тенисери имаат виза врз основа на ослободување поради прележан Ковид исто како српскиот тенисер, ја однесоа во хотелот за имигранти.