Првата македонска фудбалска лига се наоѓа на 70.место на листата на „IFFHS“ за најсилни светски првенства за 2014 година.
Според изборот на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика најсилна светска лига во 2014 година била шпанската Примера.
Во ТОП 1О се наоѓаат:
1. Примера (Шпанија) 1.259 бодови,
2. Серија А (Италија) 998,
3. Премиер лига (Англија) 958,
4. Прва лига на Аргентина 938,
5. Бундеслига (Германија) 912,
6. Серија А Бразил 893,
7. Лига 1 (Франција) 871,
8. Прва лига на Португалија 758,
9. Лига Постобон (Колумбија) 697,5 и
10. Прва лига на Парагвај 671,5.
Од земјите на поранешна Југославија најдоброрангирана е лигата на Хрватска (24.место), потоа следуваат Словенија (41), Србија (44), БиХ (98) и Црна Гора (103).