Релито „Дакар“ ќе стартува според предвидениот план, в недела, соопштија организаторите, додавајќи дека стартот и целта на трката ќе бидат во Џеда, пристаништен град на брегот на Црвеното Море.
Првиот голем спортски настан во 2021 година ќе трае до 15 јануари, а вкупно 322 натпреварувачи ќе возат со автомобили, мотоцикли и камиони низ песочни дини и зафрлени пустински предели во Саудиска Арабија, која првпат во историјата ќе биде домаќин на релито „Дакар“.
Учество најавија многу познати имиња, вклучувајќи ги Шпанците Нани Рома, поранешен победник во конкуренцијата на мотоцикли и автомобили, трикратниот победник и бранител на титулата Карлос Сајнц, како и деветкратниот светски првак во рели, Французинот Себастијан Лебе.
Релито Дакар е трка што традиционално се возеше од европски град, во минатото најчесто Париз, до Дакар, престолнината на Сенегал.
Откако изданието во 2008 беше откажано поради безбедносни закани, релито се сели од Африка во Јужна Америка, а од оваа година првпат во Азија.