Претседателот на Партизан се лути: Како никогаш да не играле кошарка

Од:

Првиот човек на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ, после поразот на „црно-белите“ од Приморска во АБА лигата, имаше многу критики на сметка на играчите кои го носат дресот на белградскиот клуб.

– Како никогаш да не играле кошарка. И на најдобрите тимови на светот им се случува лоша вечер, но не е својствено на Партизан играчите да се однесуваат како првпат да играат, ниту е на нивото на стручниот штаб. Ќе почекаме да се вратат од Литванија, да видиме што ќе се случи таму во Еврокупот, а потоа имаме ново тешко гостување кај Морнар, изјави остриот Мијаиловиќ.

Партизан е шесткратен освојувач на јадранската АБА лига, а Приморска е дебитант, клуб кој во минатата сезона беше првак на втората АБА, и затоа поразот ги заболе „црно-белите“ кои во Копер дадоа само 56 поени.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Јуниорскиот тим на МЗТ Скопје го победи и Задар, вечерва е најтешкиот тест

МЗТ Скопје го доби дербито во втората АБА-лига

МЗТ и Рогашка го отвораат третото коло во АБА 2 лигата

МЗТ даде 110 поени и тргна со победа во АБА 2