Премиер лигата доби нов рекордер по бројот на настапи

Од:

Сезоната во англиската Премиер лига влезе во својата последна третина, со растечки притисок на врвот и на дното од табелата пред последните 12 кола.

Попладнево Брајтон како гостин славеше победа против тимот на Брентфорд со 2-0 но денешниот ден ќе биде запишан во историјата на англискиот фудбал поради тоа што ветеранот Џејмс Милнер стана рекордер по број на настапи во Премиер лигата.

Со денешниот натпревар, тој го одигра својот 654-ти настап и со тоа го надмина претходниот рекордер Гарет Бери (653).

Тоа е неверојатно достигнување за 40-годишникот кој го имаше своето деби во лигата како 16-годишник со Лидс пред 24 години. Милнер е сè уште важен играч за Брајтон (денеска одигра 90 минути), а неговата долговечност и професионализам никогаш не престануваат да воодушевуваат.

Неговиот тренер Фабијан Хирцелер изјави пред денешниот натпревар за BBC Sport:

„Џејмс Милнер играше навистина добро против Вила кога влезе во игра. Има огромно искуство. Тој е пример за сите на теренот. Може да комуницира со сите. Тешко е да се опише со еден збор или една реченица. Тој е пример за и надвор од теренот. Не е ни чудо што е таму каде што е, бидејќи има неверојатна дисциплина. Работи напорно секој ден и никогаш не е задоволен. Секогаш се труди и ова е одлична можност за него. Ова е одличен ден за него да ни покаже уште еднаш зошто е рекордер со најмногу настапи во Премиер лигата. Затоа сите со нетрпение очекуваме да го видиме на теренот денес“

За време на неговата кариера во Премиер лигата, Милнер играше за шест клуба: Лидс Јунајтед (48 настапи), Њукасл Јунајтед (94), Астон Вила (100), Манчестер Сити (147), Ливерпул (230) и Брајтон, за кој досега има 35 настапи.

Би можело да ве интересира

Kрај на 137 годишна традиција во Премиерлигата – на Boxing day само еден натпревар

А1он

Се откажа од фудбалот една година, а сега е хит во Англија – Пеп Гвардиола го сака во Сити

А1он

Си отиде од Сити, па експлодираше – веднаш е избран за играч на месецот во Премиерлигата

А1он

Салах и Слот фаворити за наградата најдобар играч и менаџер на сезоната во Премиерлигата

А1он

Фудбалерите на Лидс и Барнли се враќаат во Премиер лигата

Манчестер Сити ја доби Премиер лигата на суд: Ова ќе ги чини десетици и десетици милиони

Предраг Петровиќ