ППД Загреб го совлада Рајн Некар Ловен

Од:

Ракометарите на ППД Загреб синоќа направија изненадување откако на домашен терен го совладаа бундеслигашот Рајн Некар Ловен со 25:21 и со тоа „му помогнаа“ на Вардар во борбата за првото место во групата Б во Лигата на шампионите. Првакот на Хрватска победата ја обезбеди во вториот дел откако на полувреме губеше со 15:10 и во вториот дел прими само шест голови, а постигна 15.

Во редовите на Рајн Некар Ловен се врати македонскиот репрезентативец Дејан Манасков (беше болен за претходните дуели) и беше најефикасен со пет голови, колку што кај Загреб постигна Игор Вори. Двајца немаа ниту едно промашување.

Резултати и двојки од 9.коло:

А група: Кил – Висла, Барселона – ПСЖ (сабота), Силкеборг – Веспрем (недела), Флензбург – Кадетен Шафхаузен (играат на 8.март 2017).
Табела: ПСЖ 14 бодови, Барселона 14, Флензбург 9, Веспрем 8, Кил 8, Висла 5, Силкеборг 4, Кадетен Шафхаузен 2.

Б група: ППД Загреб – Рајн Некар Ловен 25:21, Кристијанштад – Мешков Брест 29:29. Пик Сегед – Цеље (играат во сабота) и Киелце – Вардар (играат во недела).
Табела: Киелце 12, Вардар 12, ПИК Сегед 11, Рајн Некар Ловен 11, Мешков Брест 9, Цеље 5, Кристијанштад 4, ППД Загреб 2.

Ц група: Чеховски Медведи – Монпеље, Ла Риоха – Металург (сабота), Елверум – Татран Прешов (недела).
Табела: Монпеље 12, Ла Риоха 9, Металург 8, Елверум 7, Чеховски медведи 6, Татран Прешов 6.

Д група: Динамо Букурешт – Брага 35:29, Нант – Холстебро (сабота) и Мотор – Бешикташ (недела).
Табела: Нант 13, Мотор 11, Бешикташ 9, Динамо Б. 8, Холстебро 5, Брага 4.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска