Познати се составите за дуелот Ла Риоха – Металург

Од:

Ракометарите на Металург денеска гостуваат во Шпанија кај Ла Риоха во натпревар од 9.коло во Лигата на шампионите.

На техничкиот состанок одржан утрово, двајцата тренери ги соопштија составите со кои ќе настапат на денешната средба.

Тренерот на македонскиот тим Лино Червар се одлучи за следниот состав: Арсиќ, Томовски, Дупјачанец, Петров, Дрогришки, Костески, Обрадовиќ, Илиќ, Печенковски, Крстевски, Талески, Велковски, Пешевски, Палевски, Арсеновски и Гуглета.

Домаќините ќе настапат со следниве ракометари: Капелин, Санчез, Рокас, Пецина, Монторо, Агинагалде Акизу, Хименез, Виго, Гарабаја, Молина, Инуе, Муњоз, Фернандез, Гарциандиа, Ромео Лопез и Хишам.

Почетокот на овој дуел кој воедно е борба за втората позиција во Ц групата е во 17 часот и 30 минути, а ќе се игра во „Палатата на спортовите Ла Риоха“ во Логроњо.

Би можело да ве интересира

Младите ракометари од Бурунди дојдоа во Хрватска на светското првенство, а потоа исчезнаа

Предраг Петровиќ

Македонија – Португалија 21:21

Емир Латифовиќ

Вардарки го декласираа Лајпциг

Емир Латифовиќ

Ракометниот Супер куп на Шпанија за Барселона

Емир Латифовиќ

Ракометната репрезентацијата на Македонија до 18 години ќе игра на ЕХФ првенството

Емир Латифовиќ

Манасков и Стоилов се враќаат во составот на Вардар

Емир Латифовиќ