Познати фудбалски имиња ќе му бидат помошници на Седлоски во репрезентацијата

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, официјално го претстави стручниот штаб со кој ќе ја води националната селекција во претстојниот циклус натпревари.

Во стручниот тим како асистенти на Седлоски ќе работат Борче Христов – шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центар за едукација, Ерхан Селими – досегашен селектор на репрезентацијата на Македонија до 19 години, како и Зоран Бошковски – Чоко, легендарен голгетер и стрелец на првиот гол во историјата на македонската фудбалска репрезентација.

Дел од стручниот штаб ќе биде и поранешниот репрезентативен дефанзивец Ванче Шиков, кој има 58 настапи за Македонија, додека за тренер на голманите е именуван Гого Јовчев.

Видео-аналитичар во А репрезентацијата ќе биде Мартин Христов, а дополнително ќе биде соопштено името на кондицискиот тренер кој ќе работи со репрезентативците.

Би можело да ве интересира

Авионот со македонските репрезентативци поради технички проблеми се врати во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Турција и одржа фудбалска лекција на Македонија

А1он

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција

ВИДЕО: Пријателска пресметка на Македонија и Босна и Херцеговина на „Кошево“

Катерина Ѓуровски

ФФМ: Ванче Шиков веќе не е дел од стручниот штаб на А-репрезентацијата

ФФМ го претстави новиот дрес на националниот тим