Несекојдневна сцена се случи во Рим по победата на Новак Ѓоковиќ, кога најдобриот тенисер на светот беше погоден со шише во главата.
Организаторите на турнирот објавија дека на Ѓоковиќ му била потребна лекарска помош откако беше удрен со шише, дека има џумка на главата и дека е на преглед кај лекар.
Италијанските медиуми објавија дека Ѓоковиќ крварел откако бил удрен.
Инцидентот се случи кога едно дете се наведнало преку оградата за да му даде нотес на Ѓоковиќ да потпише, а од ранецот на детето испаднало алуминиумско шише со вода и го удри најдобро рангираниот играч на темето од главата, објавија организаторите.