Повредениот Нејмар ќе паузира два месеци

Од:

Напаѓачот на францускиот фудбалски прволигаш ПСЖ, Бразилецот Нејмар, ќе паузира од шест до осум недели поради повреда на зглобот, објави неговиот клуб.

Бразилскиот репрезентативец се повреди во неделата на првенствениот натпревар против Сент Ентјен и беше изнесен на носилки од теренот во 57 минута.

– Прегледите констатираа дека Нејмар го повредил левиот зглоб и има повреди на лигаментите. Се очекува да мирува од шест до осум недели, се наведува во клупското соопштение.

ПСЖ наведе дека Нејмар ќе биде подложен на дополнителни прегледи во следните 72 часа.

Би можело да ве интересира

Нејмар повторно се повреди, пак пред роденденот на сестра му

А1он

Нејмар за можниот трансфер во Баерн: Гвардиола во два часот наутро ми заѕвоне на врата

А1он

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

(ВИДЕО) Прв гол на Нејмар по враќањето во Сантос

А1он

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

А1он