Потрагата по телото на пилотот на Сала ќе продолжи следната недела

Од:

Потрагата по телото на Дејвид Иботсон, кој управуваше со авионот во кој се превезуваше аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, ќе продолжи следната недела.

Семејството на пилотот собрало повеќе од 275 илјади фунти преку донации за да продолжи со потрагата. Најблиските на Иботсон го чекаат објавувањето на датумот за продолжување на операцијата за пребарување.

Сала се пресели во Кардиф од Нант во јануарскиот трансфер прозорец. На 21 јануари, тој со приватен авион замина во Велс, но околу еден час пред планираното слетување, авионот исчезна од радарските екрани. На 4 февруари, остатоците од авионот со телото на фудбалерот беа пронајдени на дното на океанот во близина на островот Гернзи.

Би можело да ве интересира

Годишнина од несреќата: Семејството на Сала сè уште чека одговори за несреќата

Ана Ололовска

Објавена морбидна фотографија од Емилијано Сала од мртовечницата, полицијата трага по сторителот

Татјана Ташкова

Трагедија: Таткото на Емилијано Сала почина од срцев удар

Ана Ололовска

Мајката на Сала го нападна раководството на Кардиф

Ана Ололовска

Нант поднесе жалба против Кардиф во ФИФА поради Сала

Ана Ололовска

ФИФА ќе го казни Кардиф ако не го плати трансферот на Сала

Ана Ололовска