Португалија оди на Светското првенство, Ирците ги шокираат Унгарците

Од:

Фудбалската репрезентација на Португалија се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година откако денес ја победи Ерменија со 9-1 во последното, шесто коло од квалификациите за Светското првенство во Порто.

Бруно Фернандеш и Жоао Невес постигнаа по три гола за Португалија. Фернандеш постигна гол во 45-тата+3-та (пенал), 52-ра и 72-ра (пенал), а Невес во 30-тата, 41-вата и 81-вата минута.

Ренато Веига постигна еден гол за Португалија во 7-мата минута, Гонзало Рамос во 28-мата и Франсиско Консеисао во 90-тата+2-ра минута. Единствениот гол за Ерменија го постигна Едуард Сперцјан во 18-тата минута.

Португалија го освои првото место во Групата Ф со 13 бода.

Репрезентацијата на Република Ирска ќе игра во плејофот за Светското првенство, откако денес во Будимпешта ја победи Унгарија со 3-2.

Сите три гола за Ирците ги постигна Трој Перо во 15-тата (пенал), 80-тата и 90+6-тата минута. Головите за Унгарија ги постигнаа Даниел Лукач во 4-тата и Барнабас Варга во 37-мата минута.

Република Ирска на крајот го освои второто место на табелата во Групата Ф со 10 бода и ќе игра во плејофот за Светското првенство во 2026 година. Унгарија ги заврши квалификациите на третото место на табелата со осум бода, додека Ерменија е последна со три.

Би можело да ве интересира

Иран се заканува дека ќе се повлече од Светското првенство

Нигерија не се пласираше на Мундијалот, им правеа вуду магии!?

А1он

Островска земја со 600.000 жители е на праг од пласман на првото Светско фудбалско првенство

А1он