Со голот на Едер во второто продолжение од 15 минути, Португалија ја победи Франција и стана новиот европски шампион.
Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, иако Франција имаше повеќе шанси да ја затресе мрежата на Португалија, но не успеа испешно да реализира ниту еден обид.
И без капитенот Роналдо, Португалците успеаја да се одбранат и најсериозната шанса со помош на Едер да ја претворат во гол со кој заврши сонот на Франција за третата европската титула.
За Португалија ова е прва европска титула.