Финалето на ЕУРО 2016 во кое Португалија ја совлада Франција со 1:0, синоќа го следеа 20,83 милиони телевизиски гледачи, или 72,9% од публиката пред тв екраните, според податоците на „Медиаметри“.
Во еден момент, околу 23 часот пред екраните се најдоа 23,4 милиони гледачи. За приватниот телевизиски канал М6 ова е историска бројка.
Покрај тоа, ова е четврти најдобар резултат во телевизиската историја зад полуфиналето на Светското првенство 2006 година и тогаш меѓу Португалија и Франција со 22,2 милиони гледачи. На второ и трето место се дуелите Италија – Франција на Светското првенство во 2006 година (22,1 милиони евра) и 2000 година (21,4 милиони) евра. Овие три рекорди се поставени од страна на телевизиски канал во Франција TФ1.
Но, телевизиските гледачи иако беа бројни, не можеа да видат една сцена која камерите на УЕФА не ја прикажаа.
Моментот кога еден навивач, кој влезе на теренот на „Стад де Франс“ околу 60. минута од натпреварот.
Телевизиите добија инструкции да не емитуваат такви слики. Натрапникот иако беше забележан од камерите, сепак остана без влегување во директниот пренос. Но, тој барем доби аплауз и овации од присутните на „Стад де Франс“. Шегаџијата влезе на теренот трчајќи пред да направите три салта, а потоа беше фатен од членовите на обезбедувањето и брутално исфрлен надвор од стадионот.