Порази за македонските селекции на шаховската Олимпијада

Од:

Убедливи порази забележаа машката и женската репрезентација на Македонија во 6.коло на шаховската Олимпијада во норвешкиот град Тромзо.

Шахистите загубија од Аргентина со 3,5:0,5 а девојките се поразени од Јужна Африка со 4:0.

Само Александар Чоловиќ остана непоразен во машкиот состав кој го сочинуваа и Трајко Недев, Филип Панчевски и Влатко Богдановски.

Дамите играа во состав Габриела Коскоска, Бојана Бејатовиќ, Драгана Николовска и Ивана Манова.

По шест кола Македонија на машкиот дел од турнирот е на 89.место со 6 бодови, а девојките се 70. со 5 бодови.

Денеска во рамките на 7.коло мажите играат против Алжир, а женската македонска селекција се среќава со Тринидад и Тобаго

Би можело да ве интересира

Eкс светскиот шампион во шах ги продаде фармерките поради кои беше казнет

А1он

Почина Борис Спаски – еден од најдобрите шахисти на сите времиња

А1он

Тинејџер од Индија е нов светски шампион во шах

А1он

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски