Порази на македонските шаховски селекции во последното коло на Олимпијадата во Баку

Од:

На мечевите од последното коло на 42.та Шаховска олимпијада во Баку македонските репрезентации (мажи и жени) претрпеа порази. Во 11. коло мажите загубија од Босна и Херцеговина со 2,5:1,5, додека жените се поразени максимално од Азербејџан 3 со 4:0.

Кај мажите реми одиграа Трајко Недев, Александар Чоловиќ и Никола Николовски, додека единствено загуби Филип Панчевски на „втората табла“.

За женската селекција денеска настапија и порази претрпеа: Моника Стојковска, Бојана Бејатовиќ, Драгана Николовска и Ивана Манова.

Машката репрезентација на Македонија (со 5 победи, 2 реми и 4 порази) го освои 68.место во конкуренција на 150 селекции, додека женската репрезентација (со 5 победи 1 реми и 5 порази) се пласираше на 67.место во конкуренција на 140 селекции.

Олимписката титула кај мажите им припадна на Американците, а кај жените најуспешна беше селекцијата на Кина.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ