Пораз за мажите, реми на девојките на Шаховската олимпијада во Норвешка

Од:

Македонската шаховска репрезентација го претрпе првиот пораз на Олимпијадата во Тромзо, Норвешка, откако вчеравечер загуби од Русија со убедливи 4:0.

По табли од прва до четврта Македонија настапи во следниот состав: Трајче Недев, Александар Чоловиќ, Филип Панчевски и Влатко Богдановски. За Русија играа: Владимир Крамник, Петар Свидлер, Сергеј Карјакин и Јан Непомниачи.

По три кола Македонија е на 58.место со 4 бода колку што имаат репрезентациите од 32. до 80.позиција. Со максимални 6 бодови се 11 репрезентации: Франција, Србија, Русија, Узбекистан, Холандија, Романија, Кина, Азербејџан, Израел, Бугарија и Чешка.

Денеска Македонија игра со Албанија.

На женскиот дел од Олимпијадата Македонија ремизира 2:2 со Норвешка. Македонските шахисти се на 70.место со 3 бода, колку што имаат селекциите пласирани од 60 до 74.позиција.

Противник на Македонија во 4.коло се шахистките на Летонија.

Би можело да ве интересира

Eкс светскиот шампион во шах ги продаде фармерките поради кои беше казнет

А1он

Почина Борис Спаски – еден од најдобрите шахисти на сите времиња

А1он

Тинејџер од Индија е нов светски шампион во шах

А1он

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски