Конкурентот на македонскиот ракометен првак Вардар за првото место во групата Б од Лигата на шампионите, бундеслигашот Рајн Некар Ловен вечерва загуби на гостувањето кај словенечкиот шампион Цеље со 37:31 (20:13).
По овој резултат „вардарци“ кои во ова 13.то коло гостуваат во Белорусија имаат поголеми шанси за освојување на првата позиција во групата Б. Цеље со победата и двата бода ги зголеми изгледите да се пласира во нок аут фазата од ракометанта Лига на шампионите.
Двојки од 13.коло А група: Кадетен Шафхаузен (во тек); Флензбург – Силкеборг (сабота), Висла – ПСЖ и Кил- Барселона (недела).
Табела А група: Барселона 22 бода, ПСЖ 20, Веспрем 14, Флензбург 11, Кил 11, Висла 8, Силкеборг 6, Кадетен Шафхаузен 2.
Двојки од 13.коло Б група: Цеље – Рајн Некар Ловен 37:31, ПИК Сегед – Загреб, Мешков Брест – Вардар и Кристијанштад (сабота).
Табела: Вардар 18, Рајн Некар Ловен 17, Киелце 16, ПИК Сегед 13, Мешков Брест 13, Цеље 9, Загреб 7, Кристијанштад 6.
Викендов се играат и бараж дуелите: Мотор – Монпеље (сабота) и Ла Риоха – Нант.