Полскиот борач Анджеј Супрон изјави дека ќе го врати олимпискиот медал во знак на протест, поради предлогот борењето да се исклучи од програмата за ОИ во 2020 година.
Супрон во 1980-та година во Моска го освои сребрениот медал, во лесно категорија во римско-грчки стил, а беше и светски и европски првак.
„Изненаден сум и згрозен од предлогот да овој древен спорт биде исклучен“ – изјави Појлакот, и додаде дека медалот ќе го прати на претседателот на МОК, Жак Рог.
Минатиот месец и седумкратниот светски шампион, Валентин Јорданов од Бугарија го врати златото освоено во Атланта во 1996 година.
Борењето сега ќе мора да „натпреварува“ со уште седум други спортови за место на Игрите во 2020 година, а конечната одлука ќе биде донесена во септември.