Почна Европското шаховско клупско првенство во Скопје

Од:

Скопје од денеска до 25-ти овој месец е домаќин на Европското шаховско клупско првенство. Ќе учествуваат над 500 шахисти од 46 земји, а мотото на овогодинашниот куп е „Битка на умовите“.

Вечерва Европското шаховско клупско првенство официјално го отвори премиерот Никола Груевски, заедно со градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседателот на Европската шаховска унија Азмај Парашвили.

– Шахот како спорт во Македонија има долга традиција. За тоа говорат бројни имиња на веќе докажани мајстори од нашата држава како и четири шахисти кои се имаат стекнато со националното спортско признание, односно популарно нареченото спортска пензија, рече премиерот Груевски.

Тој додаде дека со цел промоција на шахот од учебната 2012/2013 година Владата го воведе шахот како дел од наставната програма по физичко воспитувањето во основното образование. – Оттука верувам дека голем број ученици ќе го засакаат шахот уште од малите години и Република Македонија ќе дава се поголем и поголем број мајстори во оваа древна игра, истакна Груевски.

Изрази надеж дека и овој настан ќе биде инспирација за многу млади луѓе да навлезат уште подлабоко во тајните на шаховската игра.

Би можело да ве интересира

Тинејџер од Индија е нов светски шампион во шах

А1он

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ