Синиша Михајловиќ, легендарниот српски фудбалер, почина денеска, на 53-годишна возраст.
Михајловиќ веќе неколку години се бореше со леукемија.
Претходните денови имаше информации дека состојбата му се влошила, но повеќето од неговите обожаватели веруваа дека и овој пат ќе издржи.
BREAKING NEWS:
Gazzetta reporting that Sinisa Mihajlovic died https://t.co/yVqiGHGCRl
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) December 16, 2022
Михајловиќ е роден на 20 февруари 1969 година во Вуковар. Израснал во Борово, каде што стана професионален фудбалер во 1986 година.
Две години подоцна се пресели во Нови Сад во Војводина, а во 1990 година пристигна во Црвена звезда со која стана европски и светски првак.
По две сезони минати на „Маракана“, тој се пресели во Италија, каде го стекна статусот на еден од најдобрите дефанзивци во Серија А во дресот на Рома, Сампдорија, Лацио и на Интер.
Со Лацио и Интер беше шампион на Италија, а со римскиот клуб го освои и Купот на победниците на куповите и Суперкупот на УЕФА.
Проглaсен е за најдобар фудбалер на Југославија во 1999 година.
За репрезентацијата одигра 63 натпревари и постигна десет гола.
Како тренер ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг и на крајот Болоња. Беше и селектор на Србија.