Почина поранешниот претседател на УЕФА, Ленарт Јохансон

Од:

Поранешниот претседател на УЕФА, Ленарт Јохансон, почина на 89 години.

Ленарт Јохансон е сметан за архитектот на најпрестижниот клубски турнир, Лигата на шампионите за време на 17-годишниот период како претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

– Ленарт Јохансон е најдобриот фудбалски лидер за сите времиња. Никој друг Швеѓанец немал такво влијание во историјата на оваа игра. Тој беше длабоко почитуван како претседател на УЕФА и потпретседател на ФИФА, а неговите квалитети на лидер се признати насекаде во светот, соопшти шведскиот претседател Карл-Ерик Нилсон.

Јохансон раководеше УЕФА меѓу 1990 и 2007 година, кога беше поразен на изборите од француската легенда Мишел Платини. Швеѓанецот исто така беше кандидат за претседателско место на ФИФА во 1998 година, кога го загуби гласањето против Сеп Блатер.

Јохансон го реформира европскиот фудбал со радикалната трансформација на КЕШ во Лигата на шампиони во 1992-та година, кога и тимовите кои не завршиле на првото место во домашните првенства добија шанса да се натпреваруваат за трофејот.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри