Почина ММА борец – спаси четири тинејџерки од давење, па исчезна во водата

Од:

Професионалниот ММА борец – Медет Женалиев го загуби животот откако скокна во водата за да спаси четири тинејџерки од давење.

Драматичниот настан се случил на езерото Исик-Кул, каде што Женалиев престојувал со своите пријатели.

Според информациите од локалните власти, девојките се капеле кога одеднаш биле зафатени од силен воден вртлог, а една од нив била првата што почнала да се бори за воздух и да повикува помош.

Во тој момент следела херојската реакција на ММА борецот и неговиот пријател, скокнале во езерото и успеале да ги извлечат сите четири девојки на безбедно.

Сепак, откако била завршена операцијата за спасување, следел шок.

Забележале дека Женалиев исчезнал под површината на водата и повеќе не се појавил.

Веднаш беше започната потрага, а нуркачите го пронајдоа неговото тело дури следниот ден.

Официјалните служби потврдија дека причина за смртта е давење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Обид за убиство на MMA шампионот – застрелан од заседа

ММА: Соопштението на АВМУ во врска со кампањата на ЕУ е целосно беспредметно

Ана Ололовска