Во руското летувалиште Сочи, на брегот на Црното Море, денеска започна Светскиот куп во машка и женска конкуренција, на кој учествуваат 206 шахисти и 103 шахистки.
Eдинствениот македонски претставник на ова натпреварување, велемајсторот Кирил Георгиев, (2594) победнички го почна настапот, совладувајќи го со бели фигури во првата партија белгискиот велемајстор Александар Дгебуадѕе (2488).
Учесниците во Светскиот куп се избрани според девет различни критериуми.
Во првото коло, кое се игра во две добиени партии, 50 шахисти со највисок рејтинг се слободни, а другите 156 преку елиминациски мини-дуели ќе ги одредат преостанатите 78 учесници кои влегуваат во втората фаза од натпреварувањето.