На денешниот натпревар од женската јуниорска кошаркарска конкуренција што се одигра во спортската сала „Бранители 20001″ , домаќинот, кошаркарски клуб „Крива Паланка” оствари значајна победа против врсничките од Македонска Каменица со резултат 69:56.
Екипата од Крива Паланка одигра квалитетен натпревар во кој кошаркарките што собираат искуство во сениорскиот прволигашкиот тим на клубот доминираа на мечот и ја понесоа главната улога.
Михаела Алексовска, капитенот на тимот ја потврди доминацијата на паркетот со реализирани 26 поени од кои 12 од линијата за 6.75 поени, а добрата игра на домашниот табор ја надополнија Стоевска Божица со 18 поени и Матеја Додевска под обрачот со 16 поени и 12 скока.
Во противничкиот тим доминираше тандемот на бековската и плејмејкерската позиција, Николов со 20 поени и Милованова со 19.
Екипата од Крива Паланка викендов дебитираше во третолигашката машка конкуренција во групата исток, каде настапи против КК Дино Баскет, Кочани и беше поразена со резултат 65:96. Во сениорска конкуренција КК Крива Паланка вчера го пречека ЖКК Вардар од Скопје, во рамки на четвртото коло од Прва лига жени при КФСМ. Екипата од Крива Паланка е поразена со резултат 55:88 во корист на гостите.