Македонскиот борач Бобан Данов ги заврши натпреварите на Светското првенство во борење слободен стил што се одржува во Ташкент.
Тој денеска постигна победа и пораз во двете борби на кои настапи. Во првото коло го совлада Димитријс Михаиловс од Летонија со 6-3 на поени, додека во осминафиналето беше поразен од Чулунбат Јаргалсајхан од Монголија.
Данов шампионатот го заврши како 13.то пласиран Другите двајца македонски борачи својот настап ќе го имаат утре. Дејан Митров во категоријата до 65 килограми и Јасин Реџалари во категоријата до 61 килограм.