Во Македонска Каменица во организација на новоформираниот шаховски клуб „Каменица – Саса” во тек е летен шаховски турнир.
Според организаторите, на турнирот пријавени се 20 шахисти кои ќе играат по „швајцарски“ систем на натпреварување.
– На турнирот покрај категоријата мажи сениори, ќе се одигра и мини турнир во женска конкуренција и пионери до 14 годишна возраст. Ќе се одиграат вкупно 19 кола, од кои по разигрувањето ќе се добие победникот на овогодинешниот турнир. Наградите за сите финалисти и победници ќе бидат доделени на 28 август – Денот на рударите и Ден на општина Македонска Каменица, изјави Лазо Стаменковски, претседател на шаховскиот клуб од Македонска Каменица.
Поддршка за организацијата на настанот упати и градоначалничката Соња Стаменковска.
– Им благодарам на организаторите за можноста шахот повторно да живее како игра во нашиот град. Ја користам оваа прилика да ја изразам својата лична поддршка и потребната поддршка како градоначалник за развојот на шаховската игра во Македонска Каменица како и на секој еден поединец кој ќе придонесе да се организираат вакви и слични настани, истакна по повод организирањето на турнирот, рече Стаменковска.
Турнирот се одржува по 25 години пауза. Последниот ваков настан во Македонска Каменица се одржал во 1992 година.