Ванеса Брајант, сопругата на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант се обрати до јавноста по неколку дена од шокатната трагедија.
Силата за да го продолжи својот живот ја црпи од нејзините три ќерки, со нив ќе ги чува вечните сеќавања за нејзиниот сопруг Коби и ќерката Дијана.
Нејзиното писмо го пренесуваме во целост:
„Моите девојчиња и јас сакаме да им се заблагодариме на милионите луѓе кои покажаа поддршка и љубов во овие страшни моменти. Ви благодарам на молитвите, тие дефинитивно ни беа потребни. Ние сме погодени од оваа загуба на мојот прекрасен сопруг Коби, прекрасниот татко на нашите деца и мојата слатка ќерка Дијана. Многу љубов од бистрите и прекрасни ќерки, Наталија, Бјанка и Капри“, напиша Ванеса на својот инстаграм профил.