По фуриозниот старт, Турците немаа шанси – Македонија со втора победа во квалификациите за ЕП

Од:

Македонската ракометна репрезентација имаше неверојатен старт на мечот од второто коло во квалификациите за Европското првенство во 2024 година, поведувајќи со 9:0 на гости кај Турција на пат до рутинска 36:27 (17:8) победа за максимални четири поени по првите два меча.

Пешевски и Серафимов со по два гола ја предводеа лудата почетна серија на македонската репрезентација, која првиот гол го прими во 14. минута од мечот. По ова, турската репрезентација немаше шанси да се врати во игра, туку се играше само за забава на публиката

Филип Талески беше најефиксен со 7 постигнати голови за Македонија, пет уфрли Дејан Манасков, додека Томислав Јагуриновски имаше четири гола. За Турција, Ереј Каракоч имаше 8 гола.

Вториот фаворит во нашата група, Португалија, немаше проблеми на гостувањето кај Луксембург, стигнувајќи до убедлива 32:21 победа. Квалификациите продолжуваат во април, кога на тимот на Кирил Лазаров му следува двобој со Португалија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП