Плукнат селекторот , загрозена безбедноста на играчите – Холанѓаните обвинуваат и најавуваат жалба до ИХФ

Од:

Репрезентацијата на Холандија најави жалба до ИХФ за случувањата на натпреварот со македонската ракометна репрезентација, однсно за однесувањето на навивачите, фрлените предмети на теренот, плукањето и истурањето вода на холандскиот гол. Репрезентативците на Холандија го напуштија теренот без поздрав, велат биле ислпашени за безбедноста.

„Тоа што се случи на крајот беше застрашувачко, но за среќа никој не беше повреден. Сигурно нема да оставиме работите да останат така. Веќе подготвуваме официјален извештај за настаните“, изјави помошникот на селекторот на Холандија, Ваи Вонг, за холандските медиуми.

Главната ѕвезда на холандскиот тим, Лук Стајнс, по мечот ја критикуваше атмосферата, наведувајќи дека ситуацијата ескалирала.

„Работите стануваа сè полоши како што одминуваше времето. На крајот моравме да се засолниме и да избегнеме ракување со противниците. Навивачите се обидоа да ги прескокнат оградите и да влетаат на терен. Вакви сцени првпат гледам“, рече Стајнс.

Холандски НОС пишува дека македонски навивач го плукнал холандскиот селектор Штафан Олсон, а тоа наводно го потврдил и портпарол на холандската репрезентација.

Реакциите на македонските навивачи дојдоа по серијата одлуки на судиската двојка кој досуди 12 пенали во корист на Холандија и два црвени картони за нашиот тим.

Би можело да ве интересира

Казна од ИХФ: РФМ ќе плати 10 илјади франци, празни триби ако има нови инциденти

Лазаров: Верувавме во позитивен резултат, но можеби не бевме доволно добри за да победиме

А1он

Македонските ракометари загубија од Холанѓаните во Вараждин, 32:37

А1он

(ВИДЕО) Ракометарите одат на Светско: Епски пресврт во баражот со Фарски Острови

Катерина Ѓуровски

Голем предизивик за ракометарите, Фарски Острови противник во баражот на Светското првнество

Катерина Ѓуровски

Лазаров: Сега знам кого треба во иднина да повикувам во репрезентацијата