Платини: Ќе нема исфрлање на екипи од евро-куповите

Од:

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Мишел Платини денеска рече дека ќе нема исфралње на екипи од европските фудбалски купови и покрај прекршување на бројни закони.

Иако многумина од врвот на УЕФА подолго време предупредуваат дека би можеле да се преземат мерки како исклучување на големите екипи, претседателот Платини вели дека ќе има тешки казни, но не и исфрлање од натпреварувањата.

– Задачата на финансиската полиција на УЕФА која го надгледува фер-плеј трошењето е да контролира дали клубовите трошат повеќе од заработеното, а првите одлуки базирани на добиените заклучоците ќе бидат донесени на почетокот на мај, изјави првиот човек на УЕФА.

Платини порача јавноста да не очекува како што рече „крв и солзи“, но додаде дека еветуалните санкции ќе бидат строги.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година