Платини доби нов мандат за прв човек на европскиот фудбал

Од:

Французинот Мишел Платини доби нов мандат за функцијата претседател на Европската фудбалска федерација.

На денешниот конгрес во Виена, Платини немаше против кандидат, па сите 54 членки едногласно го гласаа за Французинот, кој не го криеше задоволството.

„Ова многу ми значи. Горд сум што ќе бидам капитен на овој победнички тим. Возбуден сум пред новите предизвици што ќе ги имаме во наредните четири години.“ – изјави Платини.

За Платини ова е трет претседателски мандат. Тој на чело на УЕФА е од 2007 година кога беше избран на конгресот во Дизелдорф, а потоа по втор пат ја доби довербата од членките на европската фудбалска федерација на конгресот во Парис.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година