ПФМ одржа семинар за обука на судии

Од:

За време на пливачкиот натпревар „Скопје Опен“ Пливачката Федерација на Македонија во соработка со Градскиот пливачки сојуз и Агенцијата за млади и спорт организираше семинар за обука на судии каде свое излагање имаше лиценциран ФИНА судија Гордана Величковиќ од Словенија.

Воедно беше одржана и јавна трибина на тема „Стратегија за развивање на пливачкиот спорт во Р. Македонија 2018-2028″ каде свое предавање имаа Јенштеле Јоже, директор на Државен завод за изградба и одржување на спортски објекти и базени на Словенија, Игор Величковиќ, директор на завод за спорт во Крањ и селектор на пливачката репрезентација на Словенија и г-дин Марјан Соколовски пливачки тренер и генерален секретар на ПФМ.

Би можело да ве интересира

ПФМ: Државно првенство следниот викенд нема да се одржи

Ана Ололовска

Дарко Нашков избран за нов претседател на Пливачката федерација на Македонија

Ана Ололовска

Поведена иницијатива за промени во Пливачката федерација на Македонија

Наум Локоски