„Пежо“ ја прекина соработката со Новак Ѓоковиќ

Од:

Автомобилската компанија „Пежо“ сепак ќе го раскине спонзорскиот договор со Новак Ѓоковиќ. „Пежо“ и Ѓоковиќ соработуваа од 2014 година. Компанијата реши да го повлече спонзорството откога стана јасно дека Ѓоковиќ нема намера да се вакцинира поради што во прашање е и неговиот настап на најголемиот дел од турнирите.

„Не, нема да го продолжиме спонзорскиот договор со Ѓоковиќ“, рекол првиот човек на „Пежо“, Карлос Таварес.

Јавноста шпекулира дека големите спонзори ќе го напуштат Ѓоковиќ откако тој не доби дозвола да настапи на Австралија опен.

Интересно, од „Пежо“ пред почетокот на турнирот во Дубаи изјавија дека ќе останат со Ѓоковиќ.

Покрај „Пежо“, големи спонзорски договор Ѓоковиќ има со „Лакост“ и „Хуболт“.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

„Тоа не треба да ме прашувате за Новак“: Францускиот тенисер изненададен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи