Французинот Стефан Петерхансел стигна до својата рекордна 11 титула на релито Дакар. Тој шест пати ја освојуваше титулата во категорија на моторцикли додека ова му е петта со автомобил.
Втор заврши Јужноафриканецот де Вије во Тојота со 42 минути зад Петерхансел, а третото место му припадна на Новицки од Русија во Мини.
Французинот Сирил Деспре ја одбрани титулата кај моторциклите, со тоа стигна до својата петта титла на престижното натпреварување.
Тој беше шампион во 2005, 2007, 2010 и минатата сезона.
Рубен Фариа од Португалија заврши втор со над 10 минути заостанување, а Чилеанецот Лопез трет со 18 минути негатива.
Кај квадовите победи Аргентинецот Патронели, додека во конкуренција на Камиони славеше Де Рој во Ивеко.