Перу сепак нема да ја национализира фудбалската федерација

Од:

Властите во Перу се откажаа од усвојувањето на законот, кој можеше да доведе до отстранување на националниот тим на земјата од Светското првенство 2018 во Русија. Ова го објави конгресменот Палома Носеда на Твитер.

Претходно Носеда предложи закон со кој тамошната фудбалска федерација би се ставила под контрола на државата, но тоа е против правилата на ФИФА.

Светската фудбалска асоцијација веднаш испрати предупредувачко писмо во Перу и потсети на забраната за интервенција од страна на државата во изборот федерацијата.

– Ние со труд ја постигнавме целта да се пласираме на Светското првенство. Сите граѓани на Перу прославија овој голем настан, поради што решивме да не го носиме овој закон, коментира Носеда.

Перу избори учество на Мундијал за прв пат по 1982 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фудбалер настрада од гром среде натпревар

А1он

Пизаро ја најави последната сезона во кариерата

Претседателот на Перу: 35 години го чекавме овој момент

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фалкао откри што им зборел на Перуанците

Ана Ололовска