Градоначалникот на општината Ѓорче Петров Сокол Митровски денеска ги прими најдобрите шахисти од Здружението на пензионери „Ѓорче Петров“.
Пензионерите освоија прво место на турнирот што го организираше Град Скопје по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на главниот град. Женската екипа се пласира на второто место.
Председателот на Здружението, Мето Новковски му се заблагодари на градоначалникот Митровски за поддршката што општината со години му ја дава на здружението во реализирање на сите настани, од музички и спортски карактер.