Даниеле Педроса е победник на трката за големата награда на Чешка возена на патеката во Брно.
Тој стартуваше од 5-то место, но беше најспретен и по 10 триумфи по ред во новата сезона на Маркез, победи неговиот клубски колега.
Хорхе Лоренцо заврши втор, а Роси трет кој беше долго во борба со Маркез и успеа да го мине.
Во борба за 5-то место беа двајца Италијанци на Дукати, Јаноне и Довициозо, и буквално во последната кривина Јаноне беше подобар.