Партизан Мулти Шпед организатор на завршниот турнир М15

Од:

Прворангираниот тим во регуларниот тек на сезоната, Партизан Мулти Шпед (2) ќе биде организатор на завршен турнир за кошаркари до 15 години, кој ќе се одигра во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.

Четири клуба од нашата престолнина претстојниот викенд ќе се надигруваат на завршниот турнири тоа – Партизан Мулти Шпед, Феникс 2010, Вардар и Академија ФМП.

В сабота на програма се натпреварите Вардар –Академија ФМП и Партизан Мулти Шпед (2) – Феникс 2010, а в недела ќе се игра финалето меѓу победниците од саботните натпревари, додека поразените ќе се борат за трето место.

Би можело да ве интересира

Вардар и Бадел ја отвораат финалната серија од кошаркарскиот плејоф

Антиќ ќе го враќа сјајот на македонската кошарка

МЗТ на победа од пласман во АБА лигата

Кочов: Приморска е силна, но има и слабости

Ана Ололовска