Панчевски победник на „Отворениот турнир во забрзан шах Алкалоид 2015“

Од:

Интернационалниот мајсторот Филип Панчевски е победник на традиционалниот предновогодишен турнир во забрзан (рапид) шах што го организираше ШК Алкалоид.

Со импресивни 8 поени од 9 партии Панчесвски заслужено се најде на првата позиција.

Второто место го освои српскиот шахист Бобан Воисавлевиќ.

Кај дамите најдобра беше Моника Стојковска.

Во конкуренција на новинари по петте кола првото место со ист резултат го делеа Зоран Николовски од Сител, Зоран Стерјовски од МИА и Гоце Илковски од Нова Македонија, по што тројцата најдобри одиграа дополнителни три рунди, но и тогаш беа со ист број поени, па жрепката одлучи трофејот да му припадне на Николовски.

Организаторот обезбеди бројни награди, како и паричен награден фонд од 120.000 денари.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ