Отвoрено првенство на Македонија во кајак „Велес-2014“

Од:

Во водите на Вардар во Велес денеска на патеката Стар мост се одржа Отвореното првенство на Македонија во кајак и кану „Велес – 2014“.

Во дисциплината К-1 (Мажи), првото место го освои Љубомир Спасиќ (ККК „Гемиџии” Велес), втор заврши Борче Мирчевски (КК „Бабуна“ Велес), додека третопласиран беше Атанас Николовски (КК „Илинден ‘90“ Скопје).

Во дисциплината Ц-1 (Мажи), првото место го освои Александар Дамјанов (КК „Бабуна” Велес), а втор патеката ја заврши Александар Златаров (КК „Илинден ‘90” Скопје).

На Отвореното првенство во Македонија „Велес – 2014“, учествуваа четириесетина натпреварувачи.

Натпреварот во кајак го организира Кајак клубот „Бабуна“ од Велес, а под покровителство на Општина Велес.

Би можело да ве интересира

Претстојниот викенд на програмата 52. ИКАС

Ана Ололовска

Отворен куп во кајак на диви води – слалом на реката Вардар кај Демир Капија

Во Велес кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019“

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на диви води викендов на Матка

Ана Ололовска

Скопје од утре домаќин на Европското првенство во кајак спуст

Ана Ололовска

На „Матка“ викендов јубилеен 50. ИКАС

Ана Ололовска