Отворено повеќенаменско игралиште во Пинтија

Од:

Ново повеќенаменско игралиште е отворено во Пинтија, аеднички проект на Општина Кисела Вода и Агенцијата за млади и спорт.

Игралиштето се протега на површина од 1100 квадратни метри и е опремено со спортски реквизити и опрема за ракомет, фудбал и кошарка. Осветлено е со рефлектори така што може да се користи и во вечерните часови.

– Повеќенаменското игралиште во Пинтија, е уште еден заеднички чекор на оваа локална самоуправа и Агенцијата за млади и спорт во насока на развојот на спортот и спортскиот дух кај младите лица. Од досегашната добра соработка произлегоа две спортски сали, единечен тениски терен во населбата Драчево, како и пет повеќенаменски игралишта во населбата Драчево, во селото Драчево, во Припор и Црчиче, како и последново, во населбата Пинтија, наведуваат од Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“