Отворено Европското првенство во кајак – Скопје 2014

Од:

На Плоштадот „Филип Втори“ официјално беше отворено Европското првенство во кајак слалом за јуниори и сениори до 23 години – Скопје 2014. Домаќин на ова натпреварување е Кајакарската федерација на Македонија.

Натпреварите ќе се одржуваат на кајак патеката во „Спортско рекреативниот центар Матка“ крај Скопје.

На синоќешното Свечено отворање присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

– Ја имам честа, но и големото задоволство да Ве поздравам и да ви пожелам добредојде во Скопје, главниот град на Република Македонија, кој овие три дена ќе биде домаќин на уште едно исклучително интересно и важно спортско натпреварување, Европското првенство во кајак – слалом за јуниори и сениори. Љубителите на овој атрактивен спорт и овојпат ќе можат да уживаат во умешноста и виртуозноста на околу 400 пријавени кајакари и кајакарки од 30 европски држави, на прекрасната патека во нашиот Спортско рекреативен центар Матка, изјави Трајановски.

Otvoranje na kajakarski kup 2014 (6)

Скопскиот градоначалник потсети дека скопјани имаат искуство со организирање на меѓународни натпревари во овој спорт.

– Скопјаните веќе имаат истенчен и рафиниран вкус за силни кајакарски натпревари, бидејќи се домаќини на една од најстарите спортски манифестации во Македонија, традиционалниот меѓународен Илинденски кајакарски натпревар ИКАС, кој на патеката во Матка се одржува веќе триесетина години. Се надевам дека еден дел од јуниорите и јуниорките кои овие три дена ќе се натпреваруваат на Европското првенство, наредниве години ќе се пријават и на ИКАС и дека од нив ќе излезат нови изградени спортисти, нови шампиони, рече градоначалникот Трајановски.

Официјалните натпревари започнуваат денеска и ќе траат до недела.

Натпреварите во машка конкуренција се распоредени во три категории К1, Ц1 и Ц2 додека во женска конкуренција во две категории К1 и Ц1. Н

Македонската репрезентација има 7 натпреварувачи, меѓу кој 6 мажи и 1 девојче.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Марјан Спасески, им посака добредојде на сите учесници на ова Европско првенство и посочи дека овој спортски настан, Република Македонија и Скопје, ги сместува на мапата на држави и градови организатори и домаќини на светски спортски настани.

Otvoranje na kajakarski kup 2014 (5)

Позначајни спортисти-кајкари кои се дел од ова Европско првенство се Прскавец(Чешка) – актуелен Европски шампион, Брус Симон (Словенија) –Европски јуниорски првак во 2011 година, Џовани де Џенаро (Италија) третопласиран на ЕП и СП во 2013 год., Лука Бозиц (Словенија) третопласиран на Светскиот куп, второ коло во 2014 год.

На годинешново Европско првенство во кајак слалом за јуниори и сениори до 23 години, наредните четири денови ќе се натпреваруваат кајакари од: Шведска, Полска, Белорусија, Хрватска, Бугарија, Грција, Литванија, Летонија, Русија, Македонија и многу други.

Otvoranje na kajakarski kup 2014 (1)

На вчерашниот настан на официјалното отворање на ова Европско првенство во кајак, присутен беше и претседателот на Европската кајак федерација, Алберт Вудс, којшто ја искористи можноста да им се заблагодари на сите спортисти, тренери, судии, спортски работници, тимови и екипи, за нивното учество во ова првенство и им пожела фер-плеј и добри резултати, а на крајот да победат најдобрите.

Би можело да ве интересира

Претстојниот викенд на програмата 52. ИКАС

Ана Ололовска

Отворен куп во кајак на диви води – слалом на реката Вардар кај Демир Капија

Во Велес кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019“

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на диви води викендов на Матка

Ана Ололовска

Скопје од утре домаќин на Европското првенство во кајак спуст

Ана Ололовска

На „Матка“ викендов јубилеен 50. ИКАС

Ана Ололовска